Атанаско Михаилов-Според последните анализи, водата oд Билјанини извори е неупотреблива
19.02.10 13:45
Водата од Билјанини извори, во моментов е неупотреблива, тоа го потврдуваат последните резултати од нашите испитувања. Меѓутоа оваа состојба е променлива, во зависност од временските услови. За испитување на квалитетот на водата за пиење во Охрид, надлежна институција е Центарот за јавно здравје. Според тоа, ние сме обврзани да ја информираме јавноста односно граѓаните за сите состојби со водата за пиење. -изјави денес Атанаско Михаилов директор на Центарот за јавно здравје, во Охрид, како одговор на обвинувањата од Локалната самоуправа, дека ширел лаги и невистини за состојбата со водата во Билјанини извори.
Тој апелираше до локалните власти да ја остават дневната политика и политичките препукувања настрана од овој проблем.
-Со ваквите изјави на локалната, граѓаните се доведуваат во заблуда, затоа што што немаат точна иформација, дали водата е исправна или не. Според Законот за безбедност на вода кривично дело е, да соопштите дека водата е исправна за пиење, а врз основа на направените анализи, тоа да не е точно ,вели Михаилов.
Тој нагласи дека проблемот со загадувањето на Билјанини извори ќе биде присутен, се додека не се реши фекалната канализација во населбите кои се наоѓаат над изворите.
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово Овој проект има за цел да го подобри сн...
По направените проверки во училиштата, утврдено е дека сите дојави за поставени екплозивни направи се лажни, а учениците се вратени на настава Родителите да се чувствуваат безбедно бидејќи сите мер...
Стилот и квалитетот се секогаш во мода, а дополнети со исклучителни цени се прав избор за секој купувач Не пропуштајте го попустот што и овој февруари го нуди бутикот „Емили“ во трговскиот центар А...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.