Актуелниот директор на Заводот за здравствена заштита во Охрид, Атанаско Михаилов е нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, дознава Ohridnews од партиски извори.

На лидерската позиција во охридскиот огранок на владејачката ВМРО ДПМНЕ претендираа 39 кандидати. Во потесен избор беа неколкумина, а довербата да раководи со општинскиот комитет ја доби Атанаско Михаилов. Toj денеска се воздржа од било каков коментар се додека партијата не го соопшти официјално изборот на претседател на Општинскиот комитет во Охрид.

Ohridnews