– Грција многу години беше на прво место по бројот на посети за празниците, посебно во Охрид. Сега грчката клиентела ја нема. Најверојатно тоа ќе биде така се додека не се реши проблемот, затоа што нашите партнери во Грција кажуваат дека луѓето едноставно се плашат да доаѓаат овде, поради антирекламите таму за нашата Република, изјави за Ohridnews, Миле Спироски-претседател на АТАМ.
Спироски не очекува нешто слично да се случи со српските туристи кои се најбројни на охридската ривиера во последните неколку години, затоа што, како што рече, засега нема најави за откажување на договорените аранжмани.