Најтрофејниот клуб во Италија, Јувентус ќе продолжи да ја сонува тројната круна, откако неочекувано претрпе убедлив пораз од Аталанта (3-0) и во 1/4 финалето ги заврши мечевите во Купот на Италија.

„Бјанконерите“ комплетно потфрлија, но мора да се пофалат и домаќините, кои, во очај ги фрлија мега ѕвездите во составот на Јувентус. Аталанта дека не се шегува покажа на стартот кога наметна силно темпо. Играта без респект им донесе плод во финишот од првото полувреме. Во 37-та минута Тимоти Кастиње погоди за 1-0, а за тотална експлозија во Бергамо се погрижи Дуван Запата кој го дуплираше водството во 39-та минута.

Јувентус кој играше во најсилен состав нападна во второто полувреме, но Аталанта играше организирано и не дозволи погодок кој ќе го вратеше гостинот во игра. Сите дилеми ги реши Запата со вториот погодок за него на мечот во 85-та минута.

„Старата дама“ има комотна двоцифрена бодовна предност во Серија А, но после елиминацијата од Купот на Италија титулата од Лигата на Шампиони е непходна за да биде сезоната прогласена за успешна.

Овој резултат е втор неочекувано во Купот на Италија. Претходно, Фиорентина во натпревар со осум голови ја совлада Рома со 7-1.

OhridNews