Астрономите откриле две нови супер Земји, а двете егзопланети се исклучително посебни бидејќи целосно се прекриени со вода, пренесува „dnevnik.hr“.
Според научниците овие планети би можеле да постанат нова Земја.
-На нив можеби има живот, но дали е технички базиран како нашиот? Животот на тие планети би бил под површината на океаните и без пристап до рудни богатства, електрична енергија, индустриска обработка. Сепак тоа се веројатно прекрасни светови, сини планети кои орбитрираат околу портокалова ѕвезда, а можеби снаодливоста на животот таму и ќе не изненади.-вели астрофизичарката Лиза Калтенегер.
Двете егзопланети се наоѓаат во орбитата на ѕвездата Kepler-62, во чиј состав има пет планети, а две се во таканаречената „зелена зона“ погодна за развој на живот. Астрофизичарите од Харвард истакнуваат дека двете егзопланети се целосно под вода и нема копно на видикот, пренесува „Daily Galaxy“.
Ѕвездата Kepler-62 е нешто помала од нашето Сонце и малку поладна, а откриените егзопланети „е“ и „f“ околу неа вртат за 122 и 267 денови. Ги откри како телескопот на НАСА „Кеплер“ по кои го добија името. Се наоѓаат на 1200 светлосни години оддалеченост од Земјата во соѕвездието Лира.
Според проценките на астрономите двете планети спаѓаат во категоријата супер – Земја. Kepler 62 f е 40 проценти поголем од Земјата, Kepler 60e 60 отсто поголем од Земјата. Потоплата планета Kepler 62e според претпоставките би имала нешто повеќе облаци од Земјата, додека поладната планета Kepler 62f би требало некако да произведе ефект на стаклена градина за да ги загрее големите океани, во спротивно најверојатно таа би била само огромна ледена топка.