Астрнономите Адам Краус, од универзитетот на Хаваите, и Мајкл Ајрленд од Макари универзитетот во Сиднеј, успеале да снимат нова планета која сеуште била во фаза на формирање. Небесното тело, кое го нарекле „LkCa 15 b“, е досега најмладата откриена планета, околу пет пати помлада од претходниот рекордер, објаснил Краус во изјавата за медиумите.


„LkCa 15 b“ од Земјата е оддалечена 450 светлсони години, и исто како и нашата планета во моментот на формирање пред 4,6 милијарди години е многу негостољубива. Таа е околу шест пати поголема од Јупитер и стара околу два милиони години. Посматрањето на планетата во моментот на формирање им помага на научниците да одговорат на прашањето дали тие настануваат во раната или доцната фаза од животот на ѕвездата и дали се формираат поблизу или подалеку од ѕвездата околу која орбитираат.