Тимот на Астон Вила ги комплетираше учесниците во Премиер лигата за следната сезона, откако триумфираше во баражот против Дерби 2-1 кој се одигра на „Вембли“.
Астон Вила водечкиот погодок го постигна во последната минута од првиот дел. Стрелец на голот беше Анвар ел Гази. Во 59-та минута Астон Вила стигна до предност од 2-0 со погодокот на Џон мек Кин. Мала неизвесност и драма на легендарниот стадион внесе Џек Мериот кој погоди за 2-1. Астон Вила го задржа водството и обезбеди пласман во Премиер лигата.
Астон Вила и минатата сезона играше во баражот но тогаш изгуби од Фулам, кој одигра споредна улога во Премиер лигата и отпадна после една сезона.
Баражот за влез во најсилната англиска лига е највредниот натпревар, бидејќи победникот и новиот член на Премиер лигата ќе заработи над 150 милиони евра.
OhridNews