Премиерлигашот Астон Вила постигна договор со шпанскиот прволигаш Севиља за трансфер на бразилскиот фудбалер Диего Карлос, потврдија двата клуба.

Финансиските детали не се објавени, а според англиските медиуми, вредноста на договорот изнесува 26 милиони фунти.

Карлос беше дел од бразилската репрезентација, која на Олимписките игри во Токио го освои златниот медал. Бразилецот е второ засилување на Астон Вила за новата сезона, по Бабукар Камара од француски Олимпик Марсеј.

OhridNews