Екипата на Манчестер Јунајтед со триумф ја започна Новата 2021 година во Премиер лигата, победувајќи ја Астон Вила на „Олд Трафорд“ со 2-1, полувреме (1-0).

Со новата победа, „црвените ѓаволи“, се изедначија на врвот од табелата со актуелниот првак Ливерпул и комплетно ја вратија неизвесноста во борбата за титулата.

Атомскиот фудбал на „Олд Трафорд“ прв го искористи домаќинот, кој преку Ентони Марсијал до почетно водство. Французинот со глава ја погоди мрежата на гостите, после одличниот центаршут на Арон ван Бисака.

Астон Вила благата теренска иницијатива на почетокот од второто полувреме ја круниса со изедначувачки погодок во 59-та минута. Грилиш нафрли до Траоре, кој прво добро ја смири топката, а, потоа прецизно биеше под нозете на Де Геа. Радоста на гостите за изедначувачкиот траеше само три минути. Погба беше соборен во казнетиот простор, а, Мајк Оливер досуди на белата точка. За ново водство на домаќините погоди Бруно Фернандес.

Астон Вила имаше прилики за ново изедначување, но свои прилики за трет погодок имаше и Манчестер Јунајтед, кој сепак, ја задржа предноста и со триумф ги отвори мечевите во 2021 година.

Натпреварите во Премиер лигата продолжуваат утре со преостанатите мечеви од 17-та рунда. На програмата се дуелите Тотенхем – Лидс, Кристал Палас – Шефилд Јунајтед, Брајтон – Вулверхемптон, ВБА – Арсенал.

OhridNews