Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го продолжија победничкиот ритам совладувајќи ја Астон Вила со 3-0 (2-0) на „Вила Парк“ во последниот натпревар од 34-та во Премиер лигата.
На „црвените ѓаволи“ потребни им беа само 45 минути да го скршат отпорот на противникот и в џеб да ги стават трите важни бодови во трката за местата на табелата кои водат во Лигата на Шампиони. Резултатот го отвори Бруно Фернандес од пенал во 27-та минута од натпреварот. Во последната минута од првиот дел Мејсон Гринвуд зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Пол Погба со маестрален погодок.
На четири рунди до крајот на англискиот шампионат, петтопласираниот Манчестер Јунајтед заостанува само бод четвртопласираниот Лестер и два помалку од третиот на табелата, Челси.
Резултати:
Бурнмаут – Тотенхем 0-0
Евертон – Саутемптон 1-1
Астон Вила – Манчестер Јунајтед 0-3
OhridNews