Фудбалерите на Астон Вила го декласираа Арсенал победувајќи со 3-0 (1-0) на „Емирати“ стадионот во последниот натпревар од осмата рунда во Премиер лигата.

За „топчиите“ ова беше спуштање на земја, откако само пред една недела славеа на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед. Гостите од Вила Парк триумфот го најавија со еден гол во првиот дел, а го заверија со два погодоци во вторите 45 минути.

Со петтиот триумф во седмиот меч, Астон Вила се израмни со Челси кој со 15 бодови е петтопласиран на табелата во најсилната англиска лига.

OhridNews

Мајсторија на Габриел Жесус, реми во дербито на „Етихад“ (видео)