Астероидот Апофис, наречен според египетскиот бог на темнината, вечерва, ќе помине покрај нашата планета, на релативно голема оддалеченост (15 милиони километри).

Првичните испитувања покажале дека овој астероид е широк 300 метри  повторно ќе помине покрај Земјата за 16 години (13 април 2029), кога ќе биде оддалечен само 30.000 километри, што е поблиску од нејзините комуникациски сателити. Но дополнителните анализи ги загрижиле научниците, кои утврдиле дека во 2036 година постојат големи шанси овој астероид да ја погоди нашата планета. Шансите за тоа се 1:45 000, што овој астероид го става на високот прво место на таканаречената Торинска листа со која се мерат опасностите кои не демнат од вселената.

Во февруари комитетот на ОН ќе даде препораки во врска со одбрана од заканите од вселената.

OhridNews