Астероид со големина на патнички авион ќе пролета во близина на планетата Земја, но не постои опасност да дојде до судар, соопшти американската свемирска агенција НАСА, пренесува „Макфакс“.

Астероидот наречен 2012 ЕГ5, широк околу 50 метри, ќе пролета поблиску до Месечината отколку од Земјата.

„Астероидот безбедно ќе помине покрај Земјата на 1 април„“, објавија научниците од Програмата за следење на НАСА.

Вселенскиот камен се очекува да се приближи до земјата на најмногу 230.000 километри оддалеченост.

OhridNews
извор: „Макфакс“