Астероид со дијаметар од 45 метри ќе мине ноќта на 15 наспроти 16 февруари во близина на Земјата, на најмало растојание од нашата планета во историјата на набљудување на движењето на небесните тела. Опасност од судир со Земјата, сепак нема.

Астероидот  е со маса од околу 130.000 тони и се движи со брзина од 8 километри во секунда. Најблиску до земјата тој ќе биде на 15 февруари над Индискиот Океан, кога ќе биде на само 27,7 илјади километри од Земјата. Тоа е речиси 14 пати помалку од растојанието на кое се наоѓа Месечината.

Блиската средба со астероидот ќе може да се види само со помош на телескоп. Според астрономите во реонот на Земјата има околу 500.000 такви мали објекти. Многу голем дел од нив се уште не се документирани.

Небесни тела со таков размер се приближуваат на  Земјата на секои 40 години. Судирите се можни многу ретко, еднаш на 1.200 години.

OhridNews