Светската тениска ѕвезда Рафел Надал сега има и астероид кој го носи неговото име, соопштил планетариумот на Мајорка.
Се работи за небесно тело со дијаметар од 4 километри, кое со брзина од 20 км во секунда се движи во орбитата помеѓу Марс и Јупитер.
Планетариумот сместен на Балеарските острови, од каде по потекло е Надал, одлучил астероидот откриен во 2003 година кој досега го имал само бројот 128036 да го нарече по победникот на овогодинешниот Вимблдон и „еден од најдобрите тенисери на сите времиња“, изјавил за Франс прес портпаролот на планетариумот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com