Мал астероид денеска ќе мине блиску до Земјата, објави НАСА. Астероидот со големина на куќа ќе помине покрај земјата на 12.000 километри, а најблиску ќе биде во 19.14 часот.

Во тој момент астероидот ќе мине над Антартикот. Астероидот 2011 MD го снимија телескопите во Ново Мексик во мај. Мерењата покажале дека се работи за објект со големина помеѓу 9 и 30 метри. Такво тело во просек поминува покрај Земјата на секои 6 години..

Според проценките нема никакви шанси овој астероид да удри во Земјата. Дури и кога би влегол во атмосферата, веројатно нема да удри на тлото, туку ќе изгори, сметаат експертите на НАСА.

OhridNews