Екипите АСП Пак, Жито Леб, Мистер И и Бел Мерцедес се пласираа меѓу најдобрите четири на првиот меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески“.
АСП Пак преку пеналите 4-2 успеа да го совлада Електро Промет откако регуларниот дел заврши 2-2. Жито Леб со 2-0 го совлада Спортски Центар „Климент Колески“, Мистер И со 2-1 ја мина Црна Река, а Бел Мерцедес со 3-1 триумфираше против Фондација „Климент Колески“.
Полуфиналните натпревари се на програмата во вторник во 21 и 22 часот.
Мх.П.