Екипата на АСП ПАК го освои 3 место на традиционалниот турнир во мал фудбал во Велгошти. Во малото финале АСП ПАК ја совлада екипата на Дооел Ноче со 6:0, полувреме 3:0.

АСП ПАК беше подобар противник во текот на целиот меч и заслужено стигна до убедлива победа.

Во финалето на турнирот, вечерва играат екипите на Кафе бар 9 и Бел Мерцедес.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски