Екипата на АСП Пак триумфираше на турнирот во мал фудбал „Драслајца 2019“, кој се одржува по повод христијанскиот празник „Успение на пресвета Богодорица“. „Виолетовите“, во финалето го совладаа Еуростил со 4-1.
Финалниот натпревар започна со погодок на АСП Пак, кој поведе со 1-0. Еуростил благата теренска иницијатива ја круниса со изедначувачки погодок на стартот од второто полувреме. АСП Пак постигна нов погодок за водство, а противниците се отворија и фрлија на една карта. „Виолетоите“, ги искористија своите шанси и со два погодоци ја запечатија победата вредна титула.
Во мечот за трето место кој беше вовед за големото финале славеше Дооел Ноче после изведување на пеналите (2-1) против Искра, откако регуларниот дел заврши 2-2.
За најдобар играч на турнирот прогласен беше двојниот стрелец во финалето Љупчо Далчев од АСП Пак. Првата награда на турнирот изнесуваше 80 000 денари а вкупниот награден фонд 135 000 денари.
АСП Пак триумфираше на турнирот во мал фудбал „Драслајца 2019“.
OhridNews