Екипата на АСП Пак триумфираше на јубилејното 45-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2019“. АСП Пак во големото финале го совлада тимот на Хотел Интернационал со 2-1 (1-1).

 

Хотел Интернационал поведе во текот на финалето со голот на Александар Целески, а до крајот на полувремето АСП Пак изедначи на 1-1 преку Љупчо Далчев. Одлуката за победникот падна во второто полувреме кога Мишо Ѓорѓиоски ја погоди мрежата на противникот. АСП Пак ја задржа минималната предност и победи на турнирот по повод празникот „Петровден“ во Мешеишта.

Во малото финале победи екипата на Др Баткоски, која славеше со 3-1 против тимот на Ноче.

За најдобар фудбалер на турнирот прогласен беше Љупче Трпески од Хотел Интернационал, Мишо Ѓоргиоски од АСП Пак финишираше како најдобар стрелец, а Оливер Митрески се закити со наградата најдобар голман.

Вкупниот фонд на турнирот изнесуваше 120 000 денари.

OhridNews