Екипата на АСП Пак триумфираше на јубилејниот петти меморијален турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“ совладувајќи го Кадмо со 5-2 во финалето.


Актерите во борбата за златното одличје приредија вистинско уживање за љубителите на фудбалот кои ги имаше голем број.


Три од петте погодоци за АСП Пак реализираше Дејан Милошески, а по еднаш мрежата ја затресија Мишо Ѓоргиоски и Ромео Кочоски. Александар и Гоце Толески беа стрелци на головите за Кадмо во финалето.


Третото место на меморијалниот турнир му припадна на Викса Пром победувајќи го тимот на Леонардо Пица на пенали откако регуларниот дел заврши без победник 5-5.


Наградата за најдобар играч замина во рацете на Дејан Милошески (АСП Пак), за најдобар голман прогласен беше Никола Чипаноски (АСП Пак), а со 21 погодок голгетер број еден е Антонио Крстаноски (Леонардо Пица).

Мх.П.