Екипата на АСП Пак триумфираше на меморијалниот турнир „Лескоец 2018“. Во големото финале „виолетовите“ подобри беа од Еуро Стил после изведувањето на пеналите (3-1), откако регуларниот дел заврши 1-1.

Еуро Стил го отвори резултатот во првиот дел, а до реми АСП Пак дојде со погодок во второто полувреме. Во пенал рулетот „жолтите“ не реализираа три од четирите пенали, а АСП Пак ги погоди трите за нова титула на турнирот во Лескоец.

Во малото финале кое се одигра во неделата славеше тимот на Кристи и Вивс трејд победувајќи ја екипата на Пупе Компани со 3-0.

Наградата за најдобар играч на турнирот замина во рацете на Никола Грданоски од Еуро Стил, Јанче Јанчески од истата екипа се закити со наградата најдобар голман, а најдобар стрелец заврши Мишо Ѓорѓиоски од шампионската екипа АСП Пак.

Вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 130 000 денари, а победникот АСП Пак доби 80 000 денари.

Фото-галерија: