Екипата на АСП Пак триумфираше на јубилејното десетто издание на турнирот во мал фудбал во „Велгошти“.

Во неизвесно финале „црвените“ со погодокот на Бале Лолески во последната минута од дополнителните десет минути со 1-0 го совладаа тимот на Мистер И.

Регуларниот дел од финалето кое се одигра пред полни трибини заврши без голови 0-0, а одлуката падна во последните мигови од продолжението.

Тимот на Инсомниа го освои третото место победувајќи го Германс во малото финале со 3-1.

За најдобар играч беше прогласен Мишо Ѓоргиоски, а за најдобар голман Никола Капрически.

Мх.П.