Екипата на АСП Пак го совлада Жито Леб во малото финале со 4-1 и го освои третото место на меморијалниот турнир „Климент Колески“.
За „црвените“ два погодоци постигна Мишо Ѓоргиоски, а по еднаш мрежата ја затресоа Бале Лолески и Астрит Асани. Почесниот погодок за „лебарите“ беше дело на Стефче Шулески.
За освојувањето на третото место АСП Пак заработи 40 000 додека Жито Леб 10 000 денари.
Мх.П.