Екипите на АСП Пак и Бел Мерцедес ќе ги одмерат силите во финалето на вториот по ред турнир во мал фудбал „Вевчани 2016“


Двете екипи успешно го минаа полуфиналните пречки. „Виолетовите“ со 4-2 славеа над Еуро Стил, додека „мечките“ со 3-2 го совладаа Климент Колески.

Големото финале и мечот за трето место се играат следната сабота, односно на 10 декември.

Организаторите на турнирот го одредија и наградниот фонд кој ќе изеснува вкупно 140 000 денари. Победникот на турнирот ќе освои 80 000 денари, второпласираниот 40 000, а третопласираната 20 000 денари.

OhridNews