Битката со коронавирусот Ковид 19, кој ги фрли на колена здравствените системи и на најразвиените земји во светот кои со крајни сили се борат да им помогнат на над еден милион заразени луѓе, и чиј број забрзано расте од ден на ден, го издигна значењето на зборот солидарност неколку скалила погоре. Обединетиот фронт на човештвото секојдневно станува поголем. Во првите редови освен белите мантили и научниците кои непрекинато работат на изнаоѓање лек и вакцина против пандемијата, се и општествено одговорни компании. Тие несебично се вложуваат и прават максимални напори да ги амортизираат негативните ефекти предизвикани од коронавирусот.
И во овие моменти на голема здравствена и се поизразена економска криза, во која снабдувањето со храна е една од клучните алки за опстојување на секое општество, компанијата АСП ПАК како значаен дел од синџирот во прехрамбената индустрија, не ги заборава своите коминтенти. Оваа охридска фабрика и во вака сложена и комплексана ситуација, продложи да ги снабдува сите деловни партнери во земјата, Европа и Израел со сега прекупотребните пакувања за компир, кромид и друг зеленчук, за што има голема побарувачка во моментов на пазарот. Производите се доставуваат и во најпогодените земји од коронавирусот на стариот стариот континент.
Имаме зголемени потешкотии при извозот во Италија и Шпанија, но испораката се реализира со поскап транспорт. Сите наши клиенти се задоволни и навремено им ги доставуваме нарачките. Цените на нашите производи не ги зголемивме, а дополнително максимално ги активиравме нашите производствени капацитети.- информираат од АСП ПАК.
Од погоните на АСП ПАК во Охрид производи за прехрамбената индустрија во цела Европа
Погоните на компанијата, каде се преземени сите мерки за заштита на вработените согласно препораките на владата, работат со полна пареа во 4 смени. Компанијата во моментов вработува 260 луѓе и има отворен повик за вработување на нови 20 оператори во производството.
АСП ПАК е на линијата на фронтот против коронавирусот и како општествено одговорна компанија. Деновиве таа реализира голема донаторска акција, во рамки на која се обезбедени 4000 заштитни маски за полицијата, противпожарната единица, Итната медицинска служба, Општата болница Охрид и Специјализираната болница за кардиологија во Охрид. Покрај ова АСП – ПАК обезбеди и над 330 медицински скафандери за вработените во инфективното, хируршкото и другите одделенија во охридската општа болница, за Брзата помош и Кардиолошкиот завод.
Освен медицинска помош АСП ПАК обезбеди и 230 пакети хуманитарна помош кои се предадени на Црвен крст Охрид.
Вкупната вредност на донацијата надминува 1.000.000 денари.
Ова се тешки времиња за сите и потребно е секој во рамки на можностите да придонесе да ја пребродиме оваа криза и да и помогнеме на заедницата. – велат од компанијата АСП – ПАК.
АСП ПАК, независно од околностите, продолжува успешно да чекори, најавувајќи инвестиции, развој во сите сегменти и нови вработивања.
Г.М.