Екипата на АСП ПАК од Охрид победи на турнирот во мал фудбал „Гарани 2024“, што се одржа во кичевското село Гарани во периодот од 22 дo 27 јули.

Во финалето што се одигра синоќа, АСП ПАК ја совлада екипата на Фасада Чајник од Битола 2:1 по изведувањето пенали. Во регуларниот дел мечот заврши 3:3.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 5900 евра (I место – 3000 евра, II место – 1500 евра, III место – 800 евра, IV место – 400 евра, а доделена беше и награда за фер плеј од 200 евра).

OhridNews