Екипата на АСП ПАК во финалето на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ што се одигра вечерва пред полни трибини во Мешеишта, ја совлада екипата на Камионски делови Бос со 2:1 и го освои престижниот пехар на еден од најстарите турнири кај нас.
Во малото финале што се одигра пред големото, Враништа БЗ ја совлада екипата на Пекара Лихнида со 3:0.
47. турнир во мал фудбал „Петровден“ Мешеишта
1 место АСП ПАК
2 место Камионски делови Бос
3 место Враништа БЗ
4 место Пекара Лихнида
Победникот на турнирот покрај пехар, инкасираше 70,000 денари, второпласираниот 35,000 денари, трето место 15,000 денари, а четврто пласираната екипа освои 5,000 денари.
Најдобар стрелец на турнирот е Мишо Ѓорѓиески од АСП ПАК со 6 постигнати гола. За најдобар играч прогласен е Дејан Милошески исто така од победничката екипа, а најдобар голман е Наум Тауоски. За прв пат оваа година востановена е и награда за најмлад играч во чест на прерано починатиот спортист Јован Николоски, а ја доби Христијан Цацаноски.
Организаторот признание им додели и на делителите на правдата, фудбалските судии Марјан Ецкоски и Ацо Мацески.
На турнирот „Петровден“ во Мешеишта годинава учествуваа 30 екипи.
Г.М.