Екипите на АСП Пак и Мистер И ќе ги одмерат силите во финалето на четвртото издание на меморијалниот турнир во мал фудбал на вештачка трева „Климент Колески 2018“.

Во полуфиналните пресметки АСП Пак после изведувањето на пеналите го совлада тимот на Александар Лачоски-Фудбал 4-2, откако регуларниот дел заврши без победник 2-2. Мистер И во вториот полуфинален дуел ја совлада екипата на Доктор Баткоски со 3-0.

Финалната разврска на турнирот ќе се одржи во петок со почеток во 21 часот. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 300 000 денари.

OhridNews