Екипите на АСП ПАК и Камионски делови Бос, ќе се сретнат во финалето на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ 2022, што се игра во Мешеишта.
Овие две екипи покажаа одличен фудбал во текот на целиот турнир, а на патот до финалето совладаа силни противници. Тоа е најава дека и во финалето не очекува интересен и возбудлив напревар, со кој ќе биде спуштена завесата на 47-то издание на турнирот „Петровден“.
Финалната пресметка помеѓу екипите на АСП ПАК и Камионски делови Бос почнува во 22 часот.
Претходно, со почеток во 21 часот во малото финале ќе се сретнат Пекара Лихнида и Враништа БЗ.
Г.М.