Екипите на АСП Пак и Црна Река се првите полуфиналисти на вториот меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески“.


АСП Пак во четвртфиналето со 8-3 ја совлада екипата на Сопотница додека Црна Река со 2-0 го елиминираше победникот од првото издание, Мистер И.


Полуфиналистите на меморијалниот турнир ќе се комплетираат по четвртфиналните мечеви меѓу Брник Битола – Вила Хармони и Бел Мерцедес – Вис Пој.


Резултати:

АСП Пак – Сопотница 8-3

Мистер И – Црна Река 0-2

Двојки:

21ч. Брник Битола – Вила Хармони

22ч. Бел Мерцедес – Вис Пој

OhridNews