Екипите на АСП ПАК и Сатеска ќе играат во финалето на 49 турнир во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта. Ова е исходот од полуфиналните средби кои на програмата беа вечерва.

АСП ПАК до финалето стигна по победата нас Инекс Олгица 3:1.

Бранителот на трофејот поведе во 4 минута со голот на Мишо Гроргиески. Инекс Олгица израмни во 15 минута со голот на Меритон Мерко. Во 20 минута Боге Бимбилоски ја врати екипата на АСП ПАК во водство, а конечните 3:1 ги постави Нико Пластиноски во 34 минута.

Во второто полуфинале драмата ја доби екипата на Сатеска. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1, а по изведување на пенали Сатеска славеше во мечот со Кафе бар 9 со 3:2.

Сатеска поведе во 27 минута со голот на Никола Секулоски, а израмни Борче Китрозоски во 33 минута

Во пенал серијата за Сатеска прецизни беа Никола Секулоски, Даниел Митрески и Дарко Симјаноски, додека Мики Стеваноски и Димче Карамачоски не ја погодија мрежата. Кај Кафе бар 9 прецизни беа Јовче Китаноски и Борче Китрозоски, додека непрецизни беа Христијан Китрозоски, Кристијан Цацаноски и Мухамед Шаќир.

Финалето на турнирот “Петровден” во Мешеишта ќе се одигра во петок, 12 јули во вечерниот термин од 22:30 часот.

Претходно од 21 часот во натпревар за 3 место ќе се сретнат  Инекс Олгица и Кафе бар 9.

Г.М.