Драма и неизвеснот донесе полуфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2022“.

Во првиот натпревар АСП ПАК со 2:1 ја совлада екипата на Васко Речскоски, додека дуелот Ресторан Станица и Викса Пром-Сатеска Волино го одлучуваа пеналите. Регуларниот дел заврши без победник и без голови 0:0, а пенал рулетот со 5:4 го доби  екипата на Ресторан Станица и Викса Пром.

Сабота е слободен ден на турнирот, а разврската за медали закажана е за недела, 7 август.

Во 21 часот во натпреварот за 3 место ќе се сретнат Васко Речкоски-Сатеска Волино, а големото финале во кое се среќаваат АСП ПАК и Ресторан Станица и Викса пром се игра во 22 часот.

OhridNews