Екипите на АСП Пак и Мистер И ќе се сретнат во финалето на јубилејното десетто издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2014“.

Во полуфиналните натпревари АСП Пак со 4-0 триумфираше Инсомниа, а Мистер И со 6-1 го совладата тимот на Германс и се пласираше во финалето.

Финалето од јубилејното десетто издание на турнирот во мал фудбал е в четврток со почеток во 21:30 часот. Претходно во 20:30 часот ќе се одигра мечот за третото место.

Наградниот фонд за победникот изнесува 85 000 денари, а парични награди има за сите полуфиналисти.

Мх.П.