Полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал во Велгошти ги оправдаа очекувањата на бројната публика.

Средбата помеѓу Кафе бар Лавадо и Кафе бар 9 донесе неизвесност и пенал драма. Во регуларниот дел мечот заврши без победник 1:1, а по изведувањето пенали со 5:3 Кафе бар Лавадо обезбеди пласман во финалето.

Во финалето е и минатогодишниот победник,  екипата на АСП ПАК, која со 4:1 го совлада Бел Мерцедес.

Натпреварите за трофеи се играат во понеделник,  7 август.

За 3-то место
21:00ч Бел Мерцедес – Кафе бар 9

Финале
22:00ч Асп Пак – Кафе бар Лавадо

Г.М.