Екипите на АСП Пак и Бел Мерцедес ќе ги одмерат силите во финалето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Климент Колески“.


„Мечките“ во 1/2 финалето го совладаа составот на Црна Река со 2-1 иако имаа негатива од 1-0. За екипата на Бел Мерцедес ова ќе биде втора шанса за победа на турнирот, откако во првото издание претрпеа пораз во финалето.


АСП Пак го „одбра“ потешкиот пат до финалето победувајќи ја хит екипата на турнирот Вила Хармони по изведувањето на пеналите (4-3) во полуфиналето. Регуларниот дел заврши без победник 1-1.


Одлуката за вториот финалист падна во последната петта серија. „Сините“ промашија, а АСП со погодок го заверија пласманот во големото финалето од меморијалот.


Финалните натпревари на второто издание од турнирот во мал фудбал се играат в среда со почеток во 20 и 30 часот.

OhridNews