Екипите на АСП Пак и Еуро Стил ќе ги одмерат силите во големото на финале на турнирот во мал фудбал „Драслајца 2019“.

АСП Пак пласман во финалето обезбеди после триумфот над Искран со 3-0, додека Еуро Стил во полуфиналната пресметка славеше против Дооел Ноче со 3-1.

Финалните натпревари се играат в среда на 28 август за големиот христијан празник „Успение на пресвета Богодорица“. Малото финале ќе започне во 20:30 часот а финалето час подоцна.

Резултати:

АСП Пак – Искра 3-0

Еуро Стил – Дооел Ноче 3-1

Двојки:

Мало финале (20:30ч): Искра – Дооел Ноче

Финале (21:30ч): Еуро Стил – АСП Пак

OhridNews