Велосипедскиот клуб „Зш Авантура“, студиото Кинезио и теквондо клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец се нови членови во Асоцијацијата „Спорт за сите – сите за Спорт“.


На официјална пресконференција трите клубови ги потпишаа договорите со претседателот на спортското здружение Иван Цветкоски, кој изјави. – Најпрво да им се заблагодарам на трите клубови за потпишувањето на договорот за соработка. Исто така да им се заблагодарам за довербата која ни ја даваат. Сигурно, ова ќе биде ветар во грб за сите нас во Асоцијацијата која ја промовиравме пред месец дена. Сите заедно ќе се потрудиме да ги смениме работите позитивнот во делот на спортот, но за тоа ќе ни треба голема помош од нашите сограѓани.


Во првиот настан организиран на Асоцијацијата активно учество имаа и велосипедскиот клуб Зш Авантура и теквондо клубот Хваранг ИТФ кои во живо ги демонстираа своите вештини.

– Многу се израдував кога оваа Асоцијација беше промовирана затоа што сите спортови се опфатени не само еден или два и се добива една права целина. Секој на свој начин ќе придонесит да ги „размрдаме“ дечињата и сите наши сограѓани и што повеќе време да минуваме во природа отколку на компјутер. Ги повикувам и другите спортски клубови да се придружат и да ја збогатата понуданата на Асоцијацијата на спортови и општо спортот во Охрид. – рече Жанко Голабоски преставник од „Зш Авантура“, Марјанчо Лазаревски од „Хваранг ИТФ“, додаде. – На организацијата и се придружив поради сериозноста и пристапот со спортот кон дечињата од најмала возраст. Ние активно со покажувае на теквондо вештини учествувавме на ЕХО фестивалот во Основото училиште „Григор Прличев“ и сето тоа многу ми се допадна мене и на моите членови во клубот. – 


Студиото Кинезио најави поддршка на сите спортски настани и организирање колективна гимнастика (пилатес) и планинарање.


Асоцијацијата за спортови официјално го промовираше и логото кое го изработија студентите по информатички науки и технологии на универзитетот Св. Апостол Павле.


Логото на „Спорт за сите – сите за спорто“ е спој на охридската далга, вода, боите на олимпизмот, различноста, вежбањето – движењето, индивидуата и среќата која Асоцијацијата сака да го постигне и афирмира во Охрид.

Мх.П.