Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ потпиша договор за соработка со универзитетот Роехемптон од Лондон, универзитет со 175 годишна традиција и историја при што Спортско едукативниот летен камп за деца кој традиционално го организира Асоцијацијата ќе биде дел од нивната програма за волонтирање каде што нивните студенти ќе се стекнуваат со дополнително искуство и знаење. 

Овие денови во посета на Охрид е професор Емерик Каител главен предавач во одделот за спортски студии, кој заедно со организаторите успеаја Охрид и летниот камп да постанат дел од богатата традиција и историја на Универзитетот со што ја подотворија вратата за поголема афирмација на Охрид и неговите вредности.

ОN: Како дојде до соработката помеѓу Вашиот универзитет и Асоцијацијата ?

Асоцијацијата после минатогодишниот камп ни испрати барање за соработка кое јас со задоволство го проследив до одговорниот за програмата за волонтирање секако со мое мислење околу идејата кампот да биде дел од програмата. Ја ставив во програмата на Универзитетот, разговарав со одговорниот и тој од како направи истражување за кој град станува збор, држава, организација беше многу позитивен да некажам возбуден околу идејата кампот да биде дел од програмата. После процедурите, пополнувањето на документацијата кои се облигационен дел од целиот процес на мое големо задоволство тие се согласија да го стават Охрид и летниот камп во програмата за волонтирање на која ќе можат да се приклучат нашите суденти од студиите за учители до 5 одделение. Програмата за волонтирање има 80 годишна традиција, сега и Асоцијацијата е дел од таа традиција и преку неа многу наши студенти стекнувале , граделе искуство во едукација на деца во различни средини кои не се дел од образовниот систем.

ON: Зошто мислите дека студентите од Вашиот Универзитет преку програмата за волонтирање треба да се дел од кампот во Охрид ?

Во конкретниот случај видов одлична можност за нашите студенти од Универзитетот преку програмата за волонтирање да работаат со деца кои се дел од државите на Балканот со различни култури, обичаи и навики. Знаете Англија е мултикултурна средина и нашите идни наставници треба да имаат искуство и знаење за работа во такви средини така што убеден сум дека студентите ќе имаат голем бенефит од волонтирањето во Охрид кој понатаму ќе им користи во нивниот професионален живот. Ова е наша прва соработка со организација од Балканот и воопшто втора после една организација од Шпанија со која соработувавме, кои не доаѓаат од островот. На ваков начин се надевам дека уште поамбициозно ќе ги отвориме вратите за волонтирање на нашите студенти надвор од Англија. Придобивките се големи како за нас и нашите студенти така и за организациите со кои би соработувале.

ON: Што мислите за ваквиот тип на спортско едукативни кампови за деца ?

Ние имаме 175 годишна универзитетска традиција на детско учење преку игри и спорт така што кај нас ваквиот тип на спортско едукативни кампови за деца имаат голема традиција и се општо прифатени од страна на родителите и заедницата. Во последно време превладува мислењето дека токму ваквиот тип на кампови , кои не се определени само за еден спорт , имаат поголемо влијание кај децата како во делот на проширување на нивните физички способности така и во делот на нивните когнитивни способности. За децата од каде и да се, камповите преставуваат одлична средина за учење, помеѓу нив, тие се вклучени во многу активности кои се дел од нивниот развој. Она што посебно ми се допаѓа кај Вашиот камп е тоа што имате посебен третман кон природата и традицијата – културата, тоа кај нас е од особено значење и затоа верувам дека нашите студенти кои ќе бидат дел од кампот, на нивно задоволство, ќе имаат ретка можност да видат и научат многу од Вашето природно – културно богатсво.

ON: Според Вас што треба Охрид да прави во иднина за да се здобие со епитетот спортски ?

Прво и основно треба да се индентификуваат ресурсите што ги поседувате и потоа да изградите стратегија во која насока сакате да се развивате спортски. Она за што посебно би сакал да потенцирам дека имате одлични природни , климатски предиспозиции за развој на водените спортови и јас да сум на Ваше место тоа би го искористил час поскоро. Вашите деца треба да се сведоци на многу спортско рекреативни настани, само на таков начин од најрана возраст можете да започните да градите иден спортски Охрид. 

ON: Каде ја гледате иднината во соработката помеѓу Универзитетот и Асоцијацијата на Спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ ?

Иднината ја гледам во нашиот заеднички раст и развој. Универзитетот убеден сум дека ќе може да ги развива своите програми во корелација со Вашиот раст и развој. Асоцијацијата во еден мал дел, но значаен за сите, е партнер на Универзитетот тоа значи дека заедно сакаме да учиме едни од други. Ако во иднина нашата соработка се развива, а не гледам причина зошто тоа така да биде, тогаш ние можеме да донесиме поширок опсег на студентски програми каде нашите студенти би можеле да аплицираат и своето знаење стекнато на универзитетот да го пренесат во пракса.

OhridNews