Претседателот на Асоцијата на фудбалери на Италија Дамјано Томази, побара да се суспендираат сите фудбалски лиги во земјата, откако државата стави во изолација 15 региони поради опасност од ширење на корона вирусот.

Согласно одлуката, никому не му е дозволено да влезе или излезе од тие региони, освен во случај на неодложна итност.

Дамјано Томази – Претседател на на Асоцијацијата на фудбалери на Италија

Откажување на сите натпревари денеска побара и министерот за спорт на Италија, но и покрај тоа средбите закажани за денеска во Сериа А се играат. Вечерва на програмата е и големото дерби Јувентус – Итер, кое ќе се игра пред празни трибини.

Во Италија е регистриран 5061 случај со корона вирус, кој до сега уби 233 лица во земјата.

Г.М.