“Ваквите срамни и неприфатливи сцени ја искривуваат сликата за инаку неспорниот напредок на македонскиот ракомет во изминативе години. Исто така се фрла дамка и воопшто на впечатокот за целиот спорт во Македонија кој сите ние се обидуваме да го развиеме и издигнеме на едно повисоко ниво како што и прилега на една сериозна држава со европски претензии како Македонија“, се вели во реакцијата од Агенцијата за млади и спорт.
Поради ова од Агенцијата за млади и спорт бараат брза и конкретна реакција од страна на релевантните структури во Ракометната федерација на Македонија со која би се преземале потребните мерки за санкционирање на сите одговорни лица во инцидентот, според правилата на РФМ.
Ракометарите на Вардар Про одиграа само нерешено на дербито против Металург 26:26 (13:14). Тензичниот натпревар кој донесе и голем инцидент во кој пред се учествуваше тренерот на Вардар Веселин Вујовиќ кој протестирајќи поради заработениот црвен картон беше оттурнат од судијата Начевски по што се обиде да возврати и го удри судијата Николов.
По тоа, настана голем инцидент во кој се замеша и полицијата и ракометари, но по кратката пауза средбата беше доиграна, а Металург дојде до посакуваното реми кое веројатно ќе значи и титула.
Вујовиќ по средбата поднел оставка, а истата ја прифати првиот човек на клубот Михајло Михајловски.
ohridnews