Капитенот на македонсата фудбалска репрезентација Горан Пандев, беше “награден“ со свирежи од навивачите на Интер, при неговата замена во финишот од заостанатиот натпревар меѓу Интер и Чезена, кој нероаѕурите го добија со 3-2.
Навивачите на Интер незадоволни од ефектот на напаѓачот во актуелната сезона, јасно му покажаа што мислат за неговото залагање.
Во одбрана на македонецот се јави Дејан Станковиќ кој изјави дека очекува Горан посилен да излезе од оваа криза. –
Жал ми е за тоа што му се случи на Пандев, кој мораше да ја напушти играта. Се сеќавам дека поминав сличен период во Интер пред 4-5 години. Но, тој е силен и верувам дека ќе го помине ова. Се надевам дека навивачите ќе му помогнат – рече Станковиќ.
Сезонава тој одигра 15 меча во првенството и постигна само еден гол, а додавањето за погодокот на Милито, беше само втора негова асистенција. Покрај настапите во Серија А, Пандев одигра и 5 меча во Лигата на шампионите каде остана без погодок, а имаше само една асистенција. Популарниот Гоче сезонава погоди во Суперкупот на Италија во победата над Рома, а беше стрелец и во финалето на Светското клупско првенство кога Интер со 3-0 го победи Мазембе.
Пандев како играч на Лацио во 134 меча даде 45 гола во Серија А, а сега во „сино-црниот“ дрес на Интер во 34 меча во калчото даде само четири погодоци.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com