Англискиот премиерлигаш Арсенал во периодот во кој има најмногу натпревари треба да го решава тренерското прашање. Жешкото столче на Емирати веројатно ќе му припадне на Микел Арета, кој е поранешен фудбалер на Арсенал.
Артета тренерскиот занает го пече под водство на Пеп Гвардиола како асистент во Манчестер Сити. Гвардиола веднаш го уклучи Артета во стручниот штаб бидејќи добро ја познава англиската фудбалска лига.
Артета речиси целата фудбалска кариера ја помина на островот. Долги години го носеше дресот на Евертон, а потоа и на Арсенал каде ја заврши кариерата.
Симпатизерите на Арсенал со раширени раце го чекаат Артета во кој гледаат спасител од лошите резултати на клубот во Премиер лигата. Легендата на Арсенал, Фредерик Љунберг не успеа да ја стабилизира екипата после отказот на Унаи Емери.
OhridNews