Откако пред неколку дена го прекинал концертот, Ашер им се извинил на фановите преку својот твитер профил и напишал дека настапот ќе го повтори веќе следната ноќ. Сепак, после лекарските прегледи било востановено дека ситуацијата сепак е нешто посериозна па пејачот своите два наредни европски концерти, во Ротерам и во Антверпен морал да ги одложи.
Порпаролот на пејачот објавил дека Ашер има болест на горните дишни патишта поради кои не може да настапува. Пејачот им се извинил на обожавателите што морал да ги откаже концертите и најавил дека ќе им се оддолжи штом му биде подобро.