Уште еден млад моторџија го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот пат Охрид-Скопје кај селото Ботун.Во несреќата што се случила во  09 часот и 15 минути, животот го загуби лицето Дарко К. роден 1984 година во Скопје.

Незгодата се случила во момент кога сега покојниот Дарко управувајќи кон Кичево  моторцикл марка ,,Кавасаки,, со скопски регистерски таблички, изгубил контрола над моторциклот, излетал на десната страна од коловозот по што се здобил со тешки телесни повреди. Истиот со возило на Брза помош итно е пренесен во Коснозглобната болница Св.Еразмо,, во Охрид каде им подлегнал на повредите.


Тешка сообраќајна несреќа кај Ботун

На лице место,  криминалистичко-технички увид извршија дежурен Истражен судија и Јавен обвинител од Основниот суд во Охрид, како еи екипи на СВР Охрид..

Инаку во два дена ова е втор случај во кој жртва е возач на мотор. Во понеделникот нешто пред полноќ во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Лескоец  животот го загуби 36-годишен моторџија од Кавадарци, со место на живеење во Шведска.

Ohridnews