Како дел од активностите за подобрување на уличната мрежа во Охрид, денеска се изврши асфалтирање на краци од улица „Ристо Чадо” во должина од 300 метри, информираат од Општина Охрид.
Посочуваат дека во тек се подготвителни градежни активности за асфалтирање и на краци од улицата „Ѓорче Петров”.
Асфалтирањето е дел од годишните програми за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид.
OhridNews