Зимата нема да бидат пречка да продолжи асфалтирањето на автопатот во изградба Кичево – Охрид и на делницата Страцин кон Длабочица, бидејќи компаниите кои работат на нив набавиле специјални адиви за асфалтирање на ниски температури. Ова викендов од Штип го соопшти директорот на Јавното претпријатие за држави патишта Коце Трајановски кој изјави дека градежната сезона на овие делници нема да биде во застој од ноември до март, пренесува порталот 360 степени.
Целта е автопатот Кичево – Охрид, да биде пуштен во употреба пред летната сезона, ако не во двата правци, тогаш барем едниот да биде во функција дотогаш, најави првиот човек на Јавното претпријатие за држави патишта. Главен изведувач на оваа делница е кинеската компанија „Синохидро“ со подизведувачи, а на автопатот работат уште и македонските градежни компнаии „Гранит“ и „Илинден – Струга“.
Целта ни е до следната туристичка сезона да пуштиме три од петте секции на автопатот Кичево – Охрид, вели Трајановски.
Тој информираше дека наскоро ќе почне проектирање на патот од Требеништа до албанска границакој наместо да оди на Ќафасан горе, ќе се решава со тунел од наша и од албанска страна.
Веќе има прелимирани договори со албанската Влада, по половина да се финансира тој тунел, така што ќе биде многу полесно, побезбедно, побрзо движењето меѓу Македонија и Албанија, додаде Трајановски.
Директорот на ЈПДП информираше дека интензивно се работи на изградба на новиот автопат од Кичево до Гостивар со што времето на патување од Охрид до Скопје значително ќе се скрати.
Г.М.
Извор: 360 степени