Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж предвидува дека човештвото наскоро не ќе може да го следи технолошкиот развој и да се носи со пропагандата која ќе ја контролира вештачка интелигенција. Тој смета дека вештачката интелигенција во многу ќе се разликува од тоа што го предвидуваат нејзините создаватели.
-Замислите како „Дејли Меил“ го уредува и пишува само вештачка интелигенција, а во светот постои само тој медиум. Во тоа ќе се претворат и „Фејсбук“ и “Твитер“. – рекол Асанж, пренесува RT.
Асанж е уверен дека развојот на вештачката интелигенција и виртуелната реалност ќе го направат човештвото поранливо и поподложно на манипулации.
-Луѓето отсекогаш биле под влијание на софистицираната технологија. Какво само влијание ќе имаат програмите со вештачка интелигенција кога ќе почнат да го собираат целиот материјал од интернет и да предвидуваат 20-30 чекори понапред. Луѓето не ќе можат да го следат тоа. – вели Асанж.
Тој посочува дека во Силициумската долина во САД научниците веќе работат на создавање моќна вештачка интелигенција и програми за дигитализација на човечки мозок.
-Луѓето ќе можат да ги аплаудираат своите мозоци на платформа со вештачка интелигенција и да живеат вечно во виртуелна реалност. Тоа е нешто како религија за атеисти. И кога сме тука, зошто да не се испрограмираат бесконечни забави со секс и дрога. – додал Асанж, пренесува RT.
OhridNews