Во петок, 11 октомври, во кафе бар Аквариус, од 20 до 22 часот, ќе се одржи хуманитарна изложба „Јас сум само човек“.

„Јас сум само човек“ е прва уметничка изложба на фотографии и поезија на охриѓанките Ема Вељаноска и Дамјана Видическа. Идејата и целта на овој настан не е само да се промовираат нивните фотографии и поезија, туку и да се потенцира дека Охрид се’ уште е град на уметноста и културата. Преку спојот на фотографија и поезија, девојките сакаат да ни доловат еден поинаков свет на емоции, каде мислата станува слика и сликата инспирација за мисла.

Покрај можноста да ги видите и прочитате нивните дела, ќе имате и можност да донирате за Јана Арсовска од Охрид која боледува од неуробластома и потребни се средства за нејзиното лекување во Барселона.

Како да донирате? Едноставно: доколку ви се допадне некоја од фотографиите и песните, можете да ги купите во сет за цена од 250 денари и плус да добиете кафе. Затоа, ве очекуваме на 11-ти октомври во Аквариус во 20ч. да се дружиме заедно со талентираните Ема и Дамјана, да позборуваме за уметноста, а воедно да бидеме и инспирирани и хумани, порачуваат Вељаноска и Видическа.

OhridNews