Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон кариерата ќе ја продолжи во Ферари. Тој наскоро ќе потпише договор со тимот од Маранело, објави „AS“.

Деталите од зделката се уште не се договорени. Доколку страните се договорат, Англичанецот ќе започне да вози за италијанскиот тим од сезоната 2025 наместо Карлос Сајнц Јуниор, чиј договор нема да биде обновен до крајот на 2024 година.

На 25 јануари Ферари објави продолжување на договорот со Шарл Леклер.

Во сезоната 2023, Хамилтон заврши на третото место во генералниот пласман на возачи со 234 поени.

Календарот на Формула 1 за 2024 година вклучува 24 етапи. Првата трка е закажана за 2 март во Бахреин.

Хамилтон (39) е седумкратен светски шампион и првиот Формула 1 возач во историјата кој постигнал 100 победи.

OhridNews